УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Пријавените песни треба да бидат авторски, никогаш претходно не објавени и не изведени на некој фестивал или емитувани преку радио или телевизија. Тие треба да бидат современи хитови за деца.

ПРАВИЛА И ПРОПИСИ

1. Учесниците не треба да бидат постари од 14 години. 
2. За учесво на фестивалот се плаќа котизација од 6000 денари. 
3. Средствата да се уплаќаат на следната сметка:
        Естрада МЦ – Прилеп
        300020000156496
        Комерцијална банка
        Назнака: котизација за учество на фестивалот
Секоја пријава треба да содржи: 
mp3 на песната вклучувајќи го комплетниот аранжман со вокалот (+ version).
Текстови на песните на оригиналниот јазик и превод на англиски јазик. 
Времетраењето на песната не смее да биде подолго од четири (4) минути. 
Уметничка биографија на учесникот на англиски јазик. 
Две различни колор фотографии со висок квалитет на учесникот (портрет на еднобојна позадина, направен во фото студио, JPEG или TIFF формат, со најмалку 1024x1024 pixels (~10x10cm) 300dpi)
Пополнета пријава потпишана од страна на композитирот, текстописецот и изведувачот. 
Сите испратени материјали не се враќаат.

Краен рок:
Сите пријави се испраќаат најдоцна до 31 август. 

Права на организаторот: 
Организаторот на фестивалот “Ѕвездички” има ексклузивни права да ги објавува, уредува и да ги користи избраните песни на радио, телевизија, CD или било кои други медиуми без никакво територијално ограничување. 

Сместување: 
Поканетите учесници кои што поседуваат сертификат ќе бидат сместени во хотел на трошок на фествалот. 
За поканетите директори на фестивали организаторот обезбедува комплетно сместување за време на фестивалот.
Сите останати учесници и придружни лица (родители, композитори и т.н.) треба да ги платат своите трошоци за престој.

Превоз: 
Учесниците ги покриваат сами своите трошоци за превоз до Прилеп и назад.