ЗА НАС


Директор на фестивалот

Марјан Катароски


   Музичкиот фестивал „Ѕвездички“ е единствен интернационален детски фестивал во Македонија, организиран од Естрада Мултимедија Центар. Фестивалот се стреми да продуцира детски хитови и да направи од децата учесници нови ѕвездички. Основна цел на фестивалот е да создаде цврсти пријателски врски помеѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги стави во пракса принципите за заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување на културните разлики помеѓу децата од целиот свет. Фестивалот е замислен како големо шоу за деца на кое што децата од целиот свет имаат можност да ги покажат своите способности. Фестивалските денови се вистински празник за децата бидејќи се на овој фестивал е подредено токму за нив.